Со нож избодел колега во вратот, па скокнал од зграда во Хрватска

Од:

Сплитската полиција ги објави деталите за вчерашните настани во Сплит, во кои маж со остар предмет избодел колега од работа, а потоа скокнал од зградата и починал.

Како што јавија вчера локалните медиуми, конфликтот дошол меѓу двајца работници на бродска компанија. 49-годишен маж со нож избодел колега во вратот, а потоа се качил на врвот од зградата и скокнал. Тој не го преживеа падот.

Со кривична истрага за настаните од вчера, кога околу 14 часот во зградата кај Копилица 49-годишен маж беше тешко повреден, утврдено е постоење на основано сомнение дека починатиот 34-годишен го повредил 49-годишникот со нож и нанел тешка физичка повреда во пределот на вратот. 49-годишниот маж е задржан во болница на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Се додава дека во врска со смртта на 34-годишниот не се утврдени елементи на кривично дело, а телото е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, прибрале материјални докази, а до државното правобранителство во Сплит ќе биде испратен посебен извештај со целокупната документација, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари