Илјадници луѓе беа наредени низ улиците на Единбург додека поминуваше погребната поворка, пренесе АП.
Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора пристигна од шкотскиот замок Балморал во Единбург, по шестчасовно патување.
Погребната поворка полека ги помина 280 километри од Балморал до Единбург за да можат граѓаните да и оддадат последна почит на кралицата.