Русија од продажбата на нафта и гас заработува повеќе од што троши на војната во Украина

Од:

Во првата половина од годината, од почетокот на инвазијата на Украина, Русија од извозот на нафта и гас заработи 158 милијарди евра, а главен клиент е Европската унија (ЕУ). Ова беше откриено во сеопфатниот извештај објавен од Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA).

Во исто време, според проценките, Русите потрошиле околу 100 милијарди евра за војната.

„Руската влада собрала најмалку 43 милијарди евра (федералниот буџет за 2021 година беше 230 милијарди евра) даноци и давачки од почетокот на војната“, процени Лаури Миливирта, главниот автор на извештајот. Во оваа фаза, додаде тој, „овие приходи ги надминуваат руските воени трошоци, кои се проценуваат на 100 милијарди евра, додека уништувањето на украинската инфраструктура се проценува на 110 милијарди“.

„И покрај санкциите и падот на увозот од страна на ЕУ, Москва вешто го компензира падот на извозот со зголемување на цените, особено на европските пазари. Во јули и август обемот на извозот беше помал за 25 отсто на годишно ниво, но Приходите се зголемија за 30 отсто.Како резултат на тоа, увозот на гас можеби падна за 70 отсто, но приходите од извозот на Русија останаа речиси непроменети“, се вели во извештајот.

Во првата половина од годината, ЕУ сè уште е најголемиот увозник на руски фосилни горива (85 милијарди евра), пред Кина, Турција и Индија. Во рамките на ЕУ, Германија предничи, а по неа следат Холандија, Италија, Полска и Франција (5,5 милијарди евра).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта