СДСМ: Мицкоски за референдумот нема поддршка ниту во партијата

Од:

Иницијативата за референдум на Мицкоски не е ништо друго освен последен очајнички обид да се попречи европската иднина на државата.Оваа иницијатива која е осудена на неуспех е исклучиво за внатрепартиска употреба на Мицкоски за да ја спаси сопствената фотелја во белиот дворец рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски коментирајќи ја иницијативата за референдум што ја поведе ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска до ДИК ја достави иницијативата.

– Мицкоски веќе нема поддршка ниту во сопствената партија а единствен партнер во неговите деструктивни политики е политичката партија Левица декларирана како анти НАТО и анти ЕУ опција. Мицкоски бара референдум за да се поништи Договорот за добрососедство со Бугарија кој тој лично и јавно, пред високи бугарски претставници, го поддржа. Иницијативата на Мицкоски ќе пропадне. СДСМ, европската коалиција што ја предводи, како и мнозинството граѓани, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ одново да ја загрози европската иднина, нема да дозволат само заради лични интереси на Мицкоски, македонското општество повторно да биде изолирано и поделено како што тоа беше во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ вели Костовски.

Би можело да ве интересира

„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа