Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека судската пресуда против поранешниот новинар Иван Сафронов на 22 години затвор „за велепредавство“ е многу сурова казна.
-Ова е судска пресуда и немам право да ја коментирам на кој било начин. Да, можеме да кажеме дека ова е многу остра казна, немам што повеќе да кажам на оваа тема, изјави портпаролот на Кремљ во интервјуто. со телевизијата РБЦ.
Триесет и двегодишниот Сафронов, кој беше новинар на весниците „Комерсант“ и „Ведомости“, а кој беше уапсен во 2020 година додека работеше како советник на директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, имаше судење затворено за јавноста.
Песков објасни дека е судењето било затворено „поради сериозноста на обвиненијата против него, кои беа докажани од обвинителството и прифатени од судот“.
Судот вчера го прогласи Сафронов за виновен за два случаи на соработка со чешката и германската разузнавачка служба. Одбраната инсистираше на тоа дека сведоците на обвинителството на распитот потврдиле дека немало предавство, а дека Сафронов, кој немал пристап до државните тајни, се занимавал само со новинарство.
Во текот на судската постапка Сафронов се изјасни за невин.
Неговата правна одбрана најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.
Извор: МИА