Оружјето што Западот го испраќа во Киев заврши на границата со Израел: Москва предупреди на последиците

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва постојано укажува дека оружјето испратено во Украина може да се најде и во други делови на светот, со што ја предупреди меѓународната заедница за уште една негативна страна од вмешаноста на Западот во конфликтот.

„Заканата е актуелна“, рече Песков, коментирајќи ја последната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер изјави дека земјата веќе регистрира западно оружје што се доставува до Киев во близина на нејзините граници.

„Ние претходно кажавме дека оружјето во Украина го продаваат различни групи на местата каде што е можно, како и дека Киев не може да обезбеди стабилна ситуација во однос на оружјето што го добива од Запад. Тоа е опасност за безбедноста на светот“, предупредува Кремљ и денес.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк