Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Од:

ВМРО-ДПМНЕ доцна попладне закажа седница на Извршниот Комитет каде ќе се носи одлука во однос на предлогот за референдумско изјаснување и ќе се однесува во однос на пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а притоа истиот ги отсликува бугарските максималистички барања рече на прес конфереција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој истиот се потпира на протоколот кој пак ги содржи сите спорни делови од Договорот за Пријателство, Добрососедство, и Соработка помеѓу Бугарија и Македонија, а истиот тој договор беше склучен од страна на Заев и Борисов во 2017та година. Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува фундамент на бугарските позиции од кој подоцна произлегува и преговарачката рамка и членот 5. ВМРО-ДПМНЕ мораме да потенцираме дека не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо за бугарските барања, тоа е промената на историјата, идентитетот, јазикот и културата. Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен Комитет се на референдумот да се побара престанок на важноста на овој договор со кој ќе се постават фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот референдум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата првопотпишано ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ. По собирањето на квалификуваните најмалку потребни 100 потписи, ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓаните, при што апелира власта да не го опструира овој процес најави Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ