Ќе оди во затвор измамникот кој еден стан го продаваше на четворица во пандемијата, условната казна му е укината

Од:

Агентот за недвижности Зоран Божиноски кој еден стан го продаваше на четворица во пандемијата оди в затвор. Кривичниот совет му ја укина условната казна затвор од две години и донесе решение тој да оди в затвор оти не ги вратил парите земени како капар за становите на оштетените граѓани. Божиноски беше условно осуден со обврска до 10 август да им ги врати парите на 11 оштетени семејства, но тој не го испочитувал рокот даден од судот.

„Кривичниот совет постапувајќи по добиено известие дека осудениот не ја испочитувал обврската пресудена со правосилната пресуда, донесе Решение со кое условната осуда се отповикува и се ефектуира казната затвор. Откако предметот ќе биде распределен кај судија за извршување на санкции на осудениот ќе му биде доставен упатен акт за извршување на затворската казна“, изјавија од Кривичниот суд за „А1он“.

Измамените граѓани вчера излегоа разочарани од судот и рекоа дека Божиновски постојано на судиите им носи некакви документи со кои бара одлагање на казната, ги лаже и нив и судот и ниту оди в затвор ниту им ги враќа парите.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО започна истрага за малолетник кој предизвика пожар во Кисела Вода