Советник на Ердоган поднесе оставка по обвинувањата за корупција од страна на Седат Пекер

Од:

Висок член на владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган поднесе оставка по низа обвинувања за корупција изнесени преку социјалните мрежи од страна на „бегалскиот криминален бос“, Седат Пекер, пренесува Гардијан.

Осудениот криминалец Седат Пекер стана познат во турската јавност, откако на социјалните мрежи објави видеа против високи членови од тимот на Ердоган за низа „скандали“, од мито до шверц на дрога, па дури и за убиство.

Се верува дека Пекер се крие во Обединетите Арапски Емирати, а неговиот раскошен имот во Истанбул беше конфискуван минатата недела. 51-годишниот отворено признава дека е нарко бос и вели дека има наредени инкриминирачки докази на неговиот телефон против службеници кои наводно се занимаваат со турското подземје. Повеќето од неговите видеа собираат милиони прегледи.

Неговите последни објави на Твитер минатиот викенд обвинија низа функционери дека барале мито од компании кои тргуваат на берзата. Еден од нив се однесуваше на Коркмаз Караџа, извршен директор во АКП и член на претседателскиот одбор за економска политика.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа