(ВИДЕО) Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова легализиран со лажна изјава?

Од:

Огромен криминален скандал повторно е поврзан со владејачкото мнозинство во Парламентот. Моника Зајкова, пратеник од редовите на ЛДП, верен гласач на законите на СДСМ, според анкетниот лист која што го поднела до Антикорупциска комисија, пријавила семеен имот, имот на родители, куќа од 119 м2 во село Трница, во делот на националниот парк Маврово. Стекнат на друг начин, како што стои во анкетниот лист, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според новинарски текст, имотот на Маврово, во Трница, е криминално легализиран. Објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. Според новинарското истражување објавено во јавноста, Зајкова поседува имот легализиран врз основа на лажна изјава, односно изјава за времето кога објектот бил граден, односно изјава со која што се тврди дека објектот бил граден пред 3-ти март 2011 –та година како основа за негова легализација.

Според ова, Зајкова, како пратеник во Парламентот е должна јавно, јасно и прецизно да одговори дали поседува семејна вила во Трново, Маврово како што навела во анкетниот лист? На кој начин е стекната таа вила? Кога таа вила е изградена? Дали е легализирана согласно Законот за легализација? Дали е поднесена изјава за времето на градење со документите за легализација, изјава којашто подлежи на морална и кривична одговорност и со која што се гарантира вистинитоста на исказот?

Македонија тоне во кризи, половина милион луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден, а гласачите токму на тие штетни закони, закони што ја потонаа Македонија единствено се грижат за лични богатења и удобства. Моника Зајкова е пратеник врз којшто почива оваа антимакедонска, антинародна власт во Македонија! Не е важно што Македонија е во криза, народот е се посиромашен, што нема за струја, и нема за леб, а и се соочува со брутална асимилација. Важно Зајкова, верен гласач на СДСМ во Парламентот, ужива во луксузи, ужива во дивоградба, сега легализирана вила на Маврово – рече Стоилковски.

Ова мора да има крај!

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он