Законодавците во Калифорнија денеска гласаат нов пакет мерки според кој се забранува продажбата на нови автомобили со мотори на петролни горива како бензин и дизел до 2035 година.
Законот ќе се спроведува во фази, 35 отсто од продажбите на нови коли од 2026 година треба да бидат на возила што не испуштаат издувни гасови, до 2030 година таа бројка треба да се искачи до 68 отсто.
Набљудувачите сметаат дека новата политика за намалување на јаглеродните стакленички гасови, беше објавена синоќа, треба да ја забрза глобалната транзиција за електрифкација на транспортот. Авто транспортот придонесува со најмалку една третина во загадувањето на воздухот во Америка.
Според експертите, новите правила ќе го засилат авто пазарот и иновациите во овој сектор.
Калифорнија е најголемиот пазар за автомобили во САД и петнеасеттина други држави ги следат трендовите што го таа ги поставува. Така што, слични политики за побрза транзиција за електрификација на транспортот да бидат воведени во третина од автомобилскиот пазар на САД.
Гувернерот Гавин Њусам новиот правилник го нарече „еден од најзначајните чекори за елиминација на ауспухот каков што го знаеме“.
-Нашите деца ќе реагираат на него како да е тоа телефон со вртечки бројки, или телевизор на кој се менуваат канали, изјави тој.
Некои експерти сметаат дека иако производителите на автомобили во САД и странство сакаат да има повеќе електро-автомобили по патиштата, дека мерките што Калифорнија ги поставува ќе бидат предизвик за реализација.
-Дали овие барање се реалистични или остварливи е директно поврзано со надворешни фактори како инфлацијата, полнењето (на батериите на електро возилата) и инфраструктурата за полнење, ланецот за снабдување, трудот, критичната достапност на минерали и цената, но и тековниот недостаток на полупроводници, изјави Џон Бозела, претседател на Алијансата за автомобилска иновација, претставник на големите американски и странски производители во САД.
Исто така, имплементацијата на оваа регулатива зависи и од тоа кој е на власт.
Претседателот на САД, Џо Бајден, минатата недела потпиша закон вреден 370 милијарди долари за инвестиции и даночни кредити во програми за чиста енергија, најголем таква досега направана акција за борба со климатските промени.
Доколку републиканците ја преземат власта, имплементацијата на многу од тие програми може да биде оспорена. Екс-претседателот Доналд Трамп ја оспоруваше надлежноста на Калифорнија според Законот за чист воздух, со поставување свои правила за загадувањето од автомобилите.
Извор: МИА