ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

Од:

Маж осомничен дека украл мал авион од аеродром во близина на Сан Франциско, а потоа го оставил на плажа во заливот Халф Мун, е обвинет за кражба на авион. Луиз Густаво Аирес (50) се изјасни за невин на вчерашното рочиште, кое доби неочекуван пресврт кога тој побара да се застапува сам.

Судијата го одби барањето, пресудувајќи дека тој не е квалификуван да дејствува како свој адвокат. Аирес е притворен со кауција од 10.000 долари. Аирес, исто така, се соочува со три прекршочни пријави за поседување идентификација на друго лице, откако властите пронајдоа кредитни картички и документи за идентификација на три други лица во неговиот ранец.

Обвиненијата доаѓаат помалку од една недела откако властите добија извештај во четвртокот навечер за мал авион кој слетал во близина или на плажа во заливот Халф Мун, мал град на брегот на Калифорнија јужно од Сан Франциско.

Кога полицајците пристигнале во областа, го нашле едномоторниот авион во чудна положба, но неоштетен и празен. Тие набрзо пронајдоа и приведоа 50-годишен маж од Мајами кој одговараше на описот на личноста која се гледа како се оддалечува од авионот.

Властите велат дека авионот бил украден од аеродромот Пало Алто во близина на јужниот крај на заливот Сан Франциско. Според Федералната управа за авијација, авионот е регистриран на инструктор по летање во Пало Алто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници

Шеврон мора да плати отштета од 63 милиони долари на човек кој боледува од рак