ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници

Од:

14-годишно момче е во притвор откако наводно ги убило своите родители и се обидело да ја убие својата 11-годишна сестра во нивниот дом во округот Фресно, Калифорнија, соопштија властите. Полицајците пристигнале на локацијата, откако добиле пријава за кражба и напад, рече шерифот Џон Занони на прес-конференција.

Ги пронашле мртвите родители и повреденото 11-годишно девојче. Седумгодишното момче било неповредено, а моментално го чуваат неговите роднини. 14-годишното момче тврдеше дека некој провалил и ги нападнал членовите на семејството пред да побегне со пикап, но детективите откриле недоследности во неговата приказна и тој на крајот бил приведен.

Идентитетот на осомничениот не е соопштен бидејќи е малолетник. Родителите се идентификувани како таткото Лу Јанг и мајката Се Ванг, двајцата на 37 години.

Портпаролот на шерифот рече дека се уште ја утврдуваат причината и локацијата на смртта. Сестрата има сериозни физички повреди, но се очекува да преживее. Шерифот истакна дека властите сè уште проверуваат дали има потенцијално оружје и не е подготвен да каже точно кое оружје било користено во убиствата.

Непознат е и мотивот. 14-годишникот е затворен под обвинение за убиство и обид за убиство. „Тоа е крајно трагично“, заклучува шерифот Занони, според NBC News.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

Шеврон мора да плати отштета од 63 милиони долари на човек кој боледува од рак