Мугабе положи заклетва

Од:

Долгогодишниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе пред повеќе илјади симпатизери на стадионот во Харареу положи заклетва за нов петгодишен претседателски мандат.

Осумдесет и деветгодишниот Мугабе кој што е шеф на државата веќе 33 години, при заклетвата вети дека ќе го почитува и брани Уставот на Зимбабве.

На претседателските избори, кои што се одржаа на 31-ви јули, Мугабе освои 61 процент од гласовите, а неговиот главен противкандидат, премиерот Морган Чвангирај 34 проценти.

Чвангирај веднаш приложи жалба на изборните резултати, тврдејќи дека гласањето е наместено.

Уставниот суд на Зимбабве пред два дена пресуди дека спорните резултатите, на кои што Мугабе освои уште еден петгодишен мандан, се слободни и фер, отфрлувајќи ги обвиненијата за нерегуларности.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска