Летонија отстранува споменик од времето на Советскиот сојуз

Од:

Летонија утре во Рига ќе отстрани споменик од времето на Советскиот сојуз, кој ја одбележува победата на Црвената армија над нацистичка Германија, соопштија денеска локалните власти.

Извршниот директор на главниот град на Летонија, Јанис Ланге појасни дека споменикот, поставен во 1985 година, додека земјата сè уште беше дел од Советскиот сојуз, ќе биде отстранет со машини, без употреба на експлозиви.

Станува збор за 80-метарска бетонска кула со советската ѕвезда на врвот и две групи статуи.

Засега нема детали околу тоа што ќе биде со споменикот, откако ќе биде отстранет од сегашното место.

Балтичките земји досега отстранија повеќе споменици што ги величат Советскиот сојуз или комунистичките лидери.

Минатата недела, Естонија отстрани споменик од советската ера, близу градот Нарва во руско говорно подрачје во источниот дел од земјата.

Летонија, Естонија и Литванија зазедоа цврст став против руската инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели