Куќен притвор за мажот кој му се заканувал на градоначалник на Кавадарци

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста. Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена на осомничениот.​

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Екс градоначалникот на Вухан е осуден на 14 години затвор за примање 9 милиони долари мито

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода