Северна Кореја прифати предлог на Јужна Кореја за преговори за обединување на семејствата разделени од Корејската војна (1950-1953).
Според претставник на јужнокорејското Министерство за национално обединување, двете држави договориле средба на граничниот пункт Панминџон во демилитаризираната зона.
Преговорите за разделените семејства се договорени во момент кога претседтаелот на МКЦК Петер Маурер е во посета на регионот. Маурер во моментот е во Северна Кореја, по што ќе ги посети Кина и Јужна Кореја.
Последната средба на разделените семејства се одржа во октомври 2010 година. Тие не можат да комуницираат меѓусебе ниту преку писма, телефони ниту преку интернет.