Колумбија ги суспендираше наредбите за апсење и екстрадиција на бунтовниците со цел обнова на мировните преговори

Од:

Новиот претседател на Колумбија Густаво Петро изјави дека ги суспендира налозите за апсење и барањата за екстрадиција на членовите на левичарската герилска група Армија за национално ослободување (АНО) во обид да ги обнови мировните преговори за ставање крај на речиси 60-годишната војна.

Продолжувањето на мировните преговори е едно од главните предизборни ветувања на новоизбраниот колумбиски претседател Густаво Петро, ​​поранешен член на бунтовничката група М-19, кој ја презеде функцијата на 7 август со ветувања дека ќе донесе „целосен мир“ во земјата.

– Наредив враќање на протоколите, дозволувајќи им на преговарачите повторно да се поврзат со својата организација, ги запрев налозите за апсење на тие преговарачи, ги стопирав наредбите за екстрадиција на тие преговарачи за да започнат дијалог со Ослободителната национална армија, рече Петро. – Овој декрет го означува почетокот на нова можност за мировен процес во Колумбија, додаде тој.

Претставниците на АНО, која беше основана во 1964 година од радикални католички свештеници, се во Куба откако претходните разговори започнати од владата на Хуан Мануел Сантос беа прекинати во 2019 година.

Групата веднаш по изборот на Петро соопшти дека е подготвена да размисли за преговори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски