Најмалку 122 бранители на човекови права се убиени во Колумбија во првите седум месеци од годината, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.
Ова е повеќе од бројот на убиени бранители на човекови права во истиот период во 2021 година, кога беа убиени 90. До крајот на 2021 година, бројот на жртви достигна 145. Од убиените оваа година, 22 беа домородни водачи.
„Убиствата на јавните лидери и бранителите на човековите права се сериозен напад врз заедниците и демократијата. Овие луѓе се претставници и гласот на најранливите“, истакна во соопштение народниот правобранител Карлос Камарго.
Најчести извршители на овие злосторства се отпадници од бунтовничката група ФАРК, герилците од Националната ослободителна армија, паравоените организации и трговците со дрога. Според невладините организации, сепак, активистите се жртви и од членови на безбедносните сили на Колумбија.
Извор: МИА