ВИДЕО: Силно невреме го зафати Кавадарци, поплавени улици и подруми

Од:

Невреме со пороен дожд, силен ветер и грмотевици го зафати вечерва Кавадарци. За половина час наврнале 40 литри на метар квадратен. Поплавени се подруми на десетина куќи, улици. Од силниот дожд, вода е навлезена и во оштинската зграда.

-Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот три екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со две пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи информираат вечерва од Центарот за управување со кризи.

По невремето во градот се расчистувааt наноси од кал од улицте и се празни водата од полавенти објекти.

– По силното невреме што го зафати Кавадарци, вечерва на терен по поднесените пријави од граѓаните интервенираат служби од „Мој Општинар“, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец напиша градоначалникот Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он