Најнаселениот град во Кина, Шангај, го продолжи задолжителното неделно тестирање за Ковид-19 до крајот на септември, со намера да ја држи под контрола епидемијата, соопштија денеска локалните власти.
На граѓаните без евиденција за тестирање во рок од седум дена ќе им биде доделен жолт код во здравствениот систем на Шангај. Тоа значи забрана за пристап до одредени јавни места.
Здравствените власти во кинескиот финансиски центар соопштија дека во петокот откриле еден симптоматски и три асимптоматски случаи. Според податоците од петокот, јужната провинција Хаинан е моментално најпогодениот регион во Кина, со 594 симптоматски и 832 асимптоматски случаи.
Извор: МИА