Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.8.2022 кон новинарката на Фокус, В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 8.8.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

A1on

Почина Весна Крстева новинар во националното радио Канал 77

Горан Наумовски

„Утре ќе дојдам, увото ќе ти го исечам со нож“: ЗНМ бара итна реакција за закани кон новинарка на Алсат М

A1on

Спречен атентат над познатата рускa новинарка Маргарита Симонјан

Горан Наумовски