Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

Од:

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика.

Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2004 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичките неделници „Форум“, во весникот „Дневник“ и во Радио „Слободна Македонија“.

Дел од тимот на новинската агенција МИА станува во 2014 година како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.

Со нејзиното заминување, МИА и македонското новинарство загуби посветен професионалец, кој трајно ќе остане запаметен.

– Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви, напиша на Фејсбук директорот на МИА, Дарко Јаневски.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).

Би можело да ве интересира

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан