Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во Анкара изјави дека Турциија е важна земја за Словенија, а тоа го покажува и потпишаниот Документ за стратешко партнерство пред 11 години.
– Словенија нема потпишано многу од овие договори. Ова укажува на важноста што Словенија и ја придава на Турција, истакна Пахор на турско-словенечката тркалезна маса на која присуствуваа и министерот за економија, развој и технологија Матјаз Хан и бизнисмени од двете земји.
Пахор наведе дека обемот на трговска размена помеѓу двете земји надмина една милијарда евра.
– Во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е тунелот Копар. Овој проект е особено важен во однос на поврзувањето на северниот дел на Јадранот со Европа, посочи Пахор.
Тој во рамки на денешната посета на Турција ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Извор: МИА