Шефот на воено – цивилната администрација на областа Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека потпишал указ за одржување референдум за присоединување на овој регион кон Русија.
– Потпишувам налог до Централната изборна комисија за почеток на подготовки за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија, информираше Балицки на форумот „Заедно со Русија“, јавија руски медиуми.
Резолуцијата за одржување референдум ја прочита членот на главниот совет на воено – цивилната администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов. Претходно, тој нагласи оти жителите на регионот Запорожје и Русија се еден народ.
Извор: МИА