Бериша: Албанија оди кон грчко сценарио на банкрот, јавниот долг достигна 107 отсто од БДП

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер и актуелен лидер на крилото за обнова на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека јавниот долг во земјата достигнал 107 отсто од Бруто домашниот производ и оти земјата оди кон грчкото сценарио на банкрот.

Додаде дека просечната плата денеска во Албанија требало да изнесува 1.500 евра.

-Јавниот долг е зголемен од 62,4 на 107 отсто од БДП. Што е направено со овој долг? Ви гарантирам дека ако оваа влада мислеше, ќе работам за овие граѓани, ќе ги натерам да заборават на сиромаштијата, можеше и трикратно да ги зголеми платите и пензиите ако сакаше. Со овој долг, кога би се вратил за благостојба, секој граѓанин би имал просечна плата од 1.500 евра. Каде се? Колку е платата денес? 30 отсто пониска од 2013 година, бидејќи цените се повисоки за 80-90 отсто, рече Бериша.

Додаде дека владата кога тој бил премиер имала проблеми, но им ја подигнала надежта на Албанците, а населението се зголемувало од година во година.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар