Кристијано Роналдо и Хери Мегваер биле најмногу навредувани на Твитер

Од:

Двојката на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и Хери Мегваер добивале најмногу заканувачки и навредливи пораки на Твитер меѓу фубалерите во Премиерлигата минатата сезона, открива студијата на Алан Тјуринг инсистутот, која анализираше 2.3 милиони пораки на Твитер во првата половина од сезоната 2021/22.

Навредливи твитови биле постирани за 70 отсто од фудбалерите, а речиси половина од нив се само на 12 фудбалери, од кои осум играа за Јунајтед. Од 13 август до 24 јануари, Роналдо добил 12.520 вакви пораки, Мегваер бил втор со 8.954 пораки, а на листата биле и Маркус Рашфорд (2.557), Бруно Фернандеш (2.464), Фред (1.924), Џеси Лингард (1.605), Пол Погба (1.446) и Давид де Хеа (1.394), а од тие кои не го носеа дресот на Јунајтед во топ 10 се и Хери Кејн од Тотенхем (2.127) и Џек Грилиш од Манчестер сити (1.538).

Два моменти се истакнуваат според огромниот број на навредливи пораки – на 27 август, кога Роналдо пристигна од Јувентус во Маанчестер јунајтед и 7 ноември кога Хери Мегваер се извини на навивачите по 2:0 поразот од Манчестер сити.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација