Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ си замина од Мечкин Камен: Очајната власт не го пушти народот што не е за СДСМ на прославата

Од:

Ако илинденците освојуваа педа по педа, и во 1903-тата година и во 1944 –тата година макотрпно создаваа држава. Гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши. Илинденска и Асномска Македонија се руши. Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад рече во Крушево потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– За жал СДСМ не успеа да се надмине себе си, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба. На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот рече Николоски.

Тој објасни дека се обидел на интервенира кај владиниот протокол за некои луѓе да бидат пуштени, но му било објасеното дека ги нема на протоколарната листа.

– Очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира