Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека признавањето на независноста на Косово го прекршува меѓународното право и рече дека Мадрид не може тоа да го прифати.
„Сметаме дека тоа е еднострано прогласување независност и мислиме дека тоа е кршење на меѓународното право, така што не можеме да го прифатиме. Тоа го велиме со сета почит што ја имаме кон албанскиот народ“, рече Санчез на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
Тој додаде дека е нормално да има несогласувања меѓу две пријателски земји, како што се Шпанија и Албанија, и посочи дека во овој случај има несогласување околу признавањето на Косово.
Санчез рече дека тоа не значи дека во контекст на евроинтеграциите, Шпанија не го промовира дијалогот меѓу Србија и Приштина, пренесува Albanian Daily News.