НАТО оцени дека севкупната безбедносна ситуација на северот на Косово е тензична и дека воената алијанса е подготвена, во согласност со својот мандат, да интервенира доколку е загрозена стабилноста.
„Нашата мисија КФОР е целосно фокусирана да задржи безбедна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово. “ се вели во соопштението на НАТО.
НАТО продолжува целосно да го поддржува процесот на нормализација меѓу Приштина и Белград преку дијалогот со посредство на ЕУ, кој тие го окарактеризираа како клучна работа за регионалниот мир и безбедност, пренесе Бета.
Извор: МИА