Власта се плаши да излезе на референдум велат од ВМРО-ДПМНЕ , за СДСМ Мицкоски одработува за туѓи интереси

Од:

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија прашуваат зошто власта се плаши од референдум ако како што велат концептот кој го турка е исправен.

– Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта. Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува порачуваат од опозициската партија.

Од СДСМ пак велат дека Христијан Мицкоски самиот јавно кажал дека е против Европската унија и дека има поддршка единствено од „неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси“.

– Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ. Референдумот кој го најавува Мицкоски, а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднаа сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата велат од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците