Уште 54 лица додадени на списокот на санкции на ЕУ врз Русија

Од:

Советот на ЕУ утрово соопшти дека уште 54 лица и 10 ентитети се додадени на списокот на санкции врз Русија поради инвазијата на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие дополнителни лица и ентитети се последица на последниот пакет санкции наречен “одржување и усогласување“.

Меѓу санкционираните се наоѓаат припадници на клубот на моторџии “Ноќни волци“, воени лица и лица инволвирани во дезинформација, но и локални политичари, културни работници, бизнисмени, и пратеници, изјави шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

Што се однесува до ентитетите на списокот се наоѓа сега најголемата руска бана, Сбербанк, моторџискиот клуб Ноќни волци, фирми кои работат во воената индустрија и бродоградителството, компании инволвирани крадење на украински житарици и групи инволвирани во ширење дезинформации. Новост е и вклучувањето на лица одговорни за регрутирање Сиријци во војната.

Вкупно, со овие санкции, сега во ЕУ 1212 лица од Русија се предмет на рестриктивни мерки, и 108 ентитети.

Нивниот имот се замрзнува, забрането им е патување во ЕУ и се забранува на граѓани и компании да вршат бизнис со нив или да им ставаат средства на распологање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија