Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи. Ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
– Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт. СДСМ, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците напиша Ковачки во објавата на социјалните мрежи.
Ковачки потсетува дека пред околу 10-тина месеци, во тек на кампањата за локални избори, ВМРО-ДПМНЕ објавуваше вибер – комуникација за која тврдеше дека е меѓу помеѓу припадници на МВР. Организацијата на таа група според Ковачки водела до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец.
– Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени. И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата напиша Ковачки.
МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите велат во реакцијата за случајот од СДСМ.
На ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат да не обвинува неосновано заради внарешните проблеми во партијата
– СДСМ го осудува овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите. Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прват се вели во соопштението од партијата.
Oд Основното јавно обвинителство Прилеп информираат дека е изврше увид на локацијата каде беше опожарен автомобилот.
– По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото. соопштуваат од Јавното обвинителство.