„Шкупи штеди“: Фудбалерите наместо во хотел „дремнале“ во „Мекдоналдс“ на враќање од Гибралтар

Од:

Македонскиот првак Шкупи утревечер ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на мечот хрватските медиуми објавија видеосторија како тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.

„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде што стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување и во Виена, тимот, што го води Гоце Седлоски, не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘Мекдоналдс’. Таму минале десет часа, а видеозапис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа, од Виена со авион до Белград за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, особено ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Шкупи вечерва ќе тренира на „Максимир“ во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Давајте се што имате“ – навивачите на Левски собираат пари за да ги ослободат притворените

Детали за инцидентот во Чаир: Две возила со навивачи на Левски се расправале со минувачи, кавгата преминала во тепачка

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот амбасадор побарал итно расчистување на случајот со избодениот навивач на Левски

Катерина Ѓуровски

21 приведен по навивачкиот хаос во Скопје, МВР идентификувала дел од напаѓачите ов Чаир

Левски славеше во Скопје, Шкупи е пред елиминација

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Навивач на Левски бил избоден со нож потврди МВР, во стабилна состојба е велат од болницата

Катерина Ѓуровски