(ВИДЕО) Џафери кон Апасиев: Не мафтај со прст да не ти биде скршен тој прст

Од:

Кој на кого ќе му скрши прст и кој не смее да покажува прст. Ова е дел од репликата помеѓу пратеникот Димитар Апасиев од Левица и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Апасиев при процедуралното обраќање побара од Џафери да не мафта и да не го кара со прстот.

-Прв и последен пат да ви биде со прст да ме карате, зошто не сум ви дојден дома. Вие сте прв меѓу еднаквите, не треба да го узурпирате столчето. Ако имате реплика, ќе си земете како што сите си земаме сите збор, ќе си кликнете на копчето и ќе си дојдете тука, или можете од место, рече Апасиев.

А кој си ти да ми покажуваш со прст. Ајде збори што имаш, не ми мафтај со рака, возврати Џафери.

Прв и последен пат да ти биде да ми мафташ со прст, повторно Апасиев.
Не мафтај со прст да не ти биде скршен тој прст, ајде, рече Џафери и го исклучи микрофонот.

Би можело да ве интересира

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

А1он

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагираше собраниското обезбедување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Апасиев се пофали со поканата за парадата на Путин за Денот на победата

Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована

А1он