Вашингтон и испраќа на Украина нов пакет економска помош

Од:

САД ќе и исплатат на Украина нова транша од економската помош во вредност од 1,7 милијарди долари, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.

„Овој најнов пакет економска помош за Украина е дел од ветувањето на претседателот Џо Бајден да ја поддржи украинската влада додека таа ја брани украинската демократија од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“, наведе Јелен во соопштение.

Украинската влада ќе ја добие оваа нова помош преку Светска банка, а таа е дел од економската помош вредна 7,5 милијарди долари што САД во мај му ја ветија на Киев.

По оваа транша објавена денеска, американската помош за Украина од почетокот на конфликтот достигна четири милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски од Вашингтон најавува средби со државнци, бизнисмени и со дијаспората

Катерина Ѓуровски

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога

А1он

Белата куќа: Не повлекуваме црвени линии за Израел, ќе продолжиме да го поддржуваме

Патрушев: Сè започна во Вашингтон, ова не е војна на Русија во Украина

А1он

Тело на дете пронајдено во река во Вашингтон: Исчезнало во септември додека играло во парк

А1он