Тело на дете пронајдено во река во Вашингтон: Исчезнало во септември додека играло во парк

Од:

Телото на Лучијано Мунгуја петгодишно дете, кое беше пријавено за исчезнато во септември, беше пронајдено во Вашингтон во реката Јакима. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот за да ја обезбеди областа и да спроведе истрага.

Според медиумите, детето последен пат било видено во паркот на 10 септември 2022 година. Обдукцијата утврдила дека пронајдените останки се на детето, но дека нема елементи на кривично дело. Од денот на неговото исчезнување се трага по него, а во потрагата се вклучи и ФБИ, пишува Телеграф.

Во еден момент, семејството понудило награда од 100.000 долари за информации за Лучијано. Неговото тело во петокот го пронашол човек кој го шетал своето куче покрај реката.

Полицијата не открива детали како малото момче успеало да влезе во водата и каде биле неговите родители во моментот на неговото исчезнување.

Би можело да ве интересира

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога

А1он

Белата куќа: Не повлекуваме црвени линии за Израел, ќе продолжиме да го поддржуваме

Патрушев: Сè започна во Вашингтон, ова не е војна на Русија во Украина

А1он

Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија ќе ги напуштат САД поради визните ограничувања

Лондон и Вашингтон ја реафирмираат поддршката за Украина

А1он