Руската Влада добива право да воведе специјални економски мерки за потребите на војската

Од:

Горниот дом на рускиот Парламент денеска усвои закон со што Владата добива право да воведува специјални мерки во областа на економијата, со цел да се обезбеди спроведување „антитерористички и други операции“ на руската војска во странство.

Законот усвоен во Советот на Федерацијата им дозволува на државни купувачи, конкретно на Министерството за одбрана, Министерството за вонредни состојби, Руската гарда, Федералната служба за обезбедување и на Федералната служба за безбедност, да го зголемуваат или намалуваат обемот на добра и услуги според склучени договори. Со законот дозволена е и промена на цените во договорите.

Во случај на воведување посебни мерки, правни лица, без оглед на организационо – правниот облик и формата на сопственост, немаат право да одбијат да склучат договори и државни нарачки за „испорака на добра, извршување работа и пружање услуги за да се обезбеди извршување противтерористички и други операции надвор од територијата на Русија“.

Во образложението се наведува дека руската војска „во услови на изведување антитерористички и други операции надвор од територијата на Русија, а особено специјални воени операции на териториите на Доњецка Народна Република, Луганска Народна Република и на Украина, краткорочно ја зголемила потребата од поправка на оружје и воена опрема и обезбедување материјално – технички средства“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ритер: Руските војници бележат победи и постигнуваат сериозни успеси

Ритер: Руската армија е најдобра на планетава

Украински командант: Ситуацијата на бојното поле ескалира, Русите сакаат да се одмаздат

А1он

Руска армија: Новинар на агенцијата Риа Новости е убиен на југот на Украина

A1on

Руските пратеници одобрија: Отсега и криминалците ќе можат да служат воен рок во Русија

Во заземањето на Бахмут, Русија изгубила над 60.000 војници