ЕМА: Нов бран на Ковид-19 во Европа

Од:

Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјави дека во многу земји во ЕУ има нов бран на инфекции со Ковид-19 поттикнат од високо преносливи мутации на Омикрон сојот на вирусот.

Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање до новинарите нагласи дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни низ целиот континент и најверојатно „да ги заменат другите варијанти до крајот на јули“.

Тој додаде дека иако нема докази дека новите подсоеви предизвикуваат потешки форми на болеста од претходните, зголемениот пренос кај постарата популација покажува дека болеста станува се потешка.

Во април, ЕМА ги советуваше луѓето над 80 години да добијат втора засилувачка вакцина против Ковид-19.

Кавалери рече дека засилувачките дози сега им се советуваат за луѓето во ЕУ на возраст од 60 до 79 години, како и за медицински чувствителните луѓе на која било возраст.

„Додека овој нов бран се шири во ЕУ, неопходно е да се одржи заштитата на ранливите групи и да се избегне одложување на вакцинацијата“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани