Манчестер јунајтед, подготовките за новата сезона која ќе започне за четири недели, ќе ги спроведе на далечниот Исотк, во Тајланд и Австралија. Извесно е дека меѓу патниците ќе го нема Кристијано Роналдо. Португалецот пред неколку дена побарал трансфер, а потоа не се појави на првиот тренинг, наводно поради семејни причини.
Клупските челници се свесни дека не можат да го задржат Роналдо против негова волја. Исто така јасно им е дека ѕвезда каква што е тој може многу да ја наруши атмосферата во соблекувалната. Манчестер јунајтед, според медиумите биле подготвени да ги разгледаат понудите што ќе ги донесе менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш.
Суперагентот разговарал со Барселона, Наполи, Баерн, а во приказната влегува и Челси. Намерата на Роналдо е да игра во Лигата на шампионите.
Извор: Топспорт