Во Летонија од идната година се воведува задолжителен воен рок

Од:

Властите во Летонија најавија враќање на задолжителната воена служба во услови на зголемени тензии со соседна Русија и конфликтот во Украина.

– Сегашниот воен систем на Летонија достигна својата граница. Во исто време, немаме причина да мислиме дека Русија ќе го промени своето однесување, изјави летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс.

Според него, воениот рок ќе важи само за мажи и ќе стапи на сила следната година.

Летонија го укина регрутирањето неколку години по влезот во НАТО.

Од 2007 година, армијата на оваа земја и членка на Европската унија ја сочинуваат професионални војници и доброволци од Националната гарда кои служат во пешадија за време на викендите и со скратено работно време.

Земјата со помалку од два милиони жители, што граничи со Белорусија и Русија, има само 7.500 активни војници и членови на Националната гарда, поддржани од 1.500 војници на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели