Почна состанокот на работните групи на политичките партии кои ќе го разгледуваат последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.
Првата средба на работната група се одржува денеска во Клубот на пратениците, и според информациите од претставниците на партиите, ќе биде од затворен карактер.
Во состав на оваа група, како што потврдуваат од политичките партии се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.