Тројца приведени за убиството на 22-годишното момче во Струмица

Од:

Три лица се приведени за убиството на 22-годишникот од Струмица соопшти полицијата. Двајца од инвловираните во инцидентот во кој покрај убиството имаше и тројца приведени се приведени во Радовиш, а една жена, мајка на напаѓачот е приведена во Валандово.

На 06.07.2022 во 05.10 часот, во Радовиш, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03.00 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица.

На 05.07.2022 околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Маж (25) во Германија повлече девојка (18) под воз што доаѓаше од спротивната насока, двајцата се мртви

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он