Осомничениот кој отвори оган врз луѓе кои беа на парадата на Денот на независноста во Чикаго легално го купил оружјето од кое испукал повеќе од 70 куршуми од покривот на една зграда.
Потоа се облекол во женска облека за да се вклопи во толпата и да избега, соопштија локалните власти.
Осомничениот, Роберт Кримо Трети (21), вчера бил приведен откако и се предал на полицијата. Полицијата соопшти дека тој го планирал нападот неколку недели.
Полицијата соопшти дека се уште не го знае мотивот зад нападот.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 беа повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго.
Извор: МИА