ВМРО-НП: Францускиот предлог е најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со Бугарија

Од:

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат. Меѓутоа не може да ги разбере оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани, велат од ВМРО-НП.

„Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската унија.

Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет.

На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Реублика Северна Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа“, соопшти ВМРО – Народна партија.

„Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед.

Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија.

И уште еднаш повикуваме да се престане со манипулациите и создавањето на атмосфера на драма и трагедија која во минатите триесет години барем четири пет пати сме ја гледале за разни теми и на крајот сме плаќале уште поскапа цена“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Цел мандат ли ќе барате подобра преговарачка позиција: Како „модерни“ Македонци не влегуваме во ЕУ – Филипче и Мицкоски за евроинтеграциите

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on