Премиерот Димитар Ковачевски после средбата со партнерите од владината коалиција рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори.
„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка.
Преговарачкиот процес и меѓувладината конференција се инкорпорирани во предлогот. После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб страната на владата“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека денешниот состанок е прв од низата консултативни средби со сите партнери.
„Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна од претходно. За да изградиме заеднички став почнавме широк консултативен процес со опозицијата, граѓанскиот сектор и медумите“, истакна премиерот.