Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

Од:

Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.

„Оваа поволност е предвидена со Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје, која денеска беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје.

Доброволното дарување на крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности и со оваа одлука Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ даваат поволност и дополнителна поддршка за сите крводарители.

Со оваа одлука, дополнително се овозможува за сите лица-специјализанти кој ја обавуваат специјализацијата во рамките на Комплекс Клиники Мајка Тереза, да се паркираат со истите услови како и останатите вработени во Комплекс Клиники Мајка Тереза“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он