Рјабков: Негативно гледаме на плановите на Шведска и на Финска за НАТО

Од:

Москва негативно гледа на плановите на Шведска и на Финска да се приклучат во НАТО, изјави денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој истакна дека ширењето на Алијансата е дестабилизирачко и не придонесува за безбедноста на нејзините членки.

Според Рјабков, земјите во НАТО, како и Шведска и Финска што сакаат да се придружат, всушност „им поклонуваат дел од својот одбранбен суверенитет на САД“.

– Колку ќе биде мирен наредниот период за нашите северноевропски соседи, сериозено се сомневам. На крајот, тие дел од својот надворешнополитички и одбранбен суверенитет им го даваат на Вашингтон и на други таканаречени постари партнери во НАТО, смета Рјабков.

Како што тој додаде, во Москва жалат поради „разговори за евроатлантска солидарност, што се користат како параван за агресивни планови на Алијансата во однос на Русија“.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија