Г-7 и петте водечки економии во развој ќе работат заедно на ублажување на климатските промени

Од:

Лидерите на земјите-членки на Г-7 и петте водечки земји во развој денеска најавија дека ќе работат заедно на ублажување на климатските промени, истовремено обезбедувајќи енергетска безбедност за граѓаните.

Во заедничката изјава се наведува дека е неопходно да се забрза „чиста и правична енергетска транзиција“, која ќе стави крај на употребата на фосилни горива без драстичен пораст на невработеноста.

Лидерите во изјавата го споменаа минатогодишниот договор на неколку развиени земји за помош на Јужна Африка односно да престане да употребува јаглен, а да ја зголеми употребата на енергетски обновливи извори.

Во тек се разговори со други земји во развој за слично партнерство.

Лидерите, исто така, ја поддржаа идејата за формирање на глобален „климатски клуб“, за што се залагаше германскиот канцелар Олаф Шолц. Предвидено е земјите-членки на клубот би прифатиле амбициозни цели за намалување на загадувањето, а за возврат би биле ослободени од трговските тарифи поврзани со климатските промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска