Најмалку 8 лица се повредени во пукање на забава во градот Такома, лоциран во американската сојузна држава Вашингтон, јавува Си-Ен-Ен.
Осум лица завршија во болница и сите се стабилни. Дошло до расправија по што започнала пукањето“, соопшти полицијата.
Во тек е истрага, а полицијата не го соопшти идентитетот на лицето одговорно за пукањето.